СПД Пробиштип
Спортско планинарско друштво
08/09/2026
⛰️Боботов Кук – 2.523 м, највисокиот врв на Црна Гора, во срцето на прекрасниот Дурмитор.
🥾Секој чекор нагоре носи нов поглед, нова перспектива и уште една причина да продолжиш.
🪨Патека, карпи, височина и неверојатни глетки – токму она што го бараме кога ќе тргнеме во планина.
🏞2.523 м над морето, а погледот вреди за секој чекор.
Честитки за нашите планинари!
👋Се гледаме на планина!
07/09/2026
СПД Пробиштип на традиционалното искачување на највисокиот врв во Македонија – Голем Кораб (2764 м н.в.). 🏔️🇲🇰
Оваа традиционална планинарска акција, во организација на Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija и I love hiking - group Macedonia, се одржува по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија.
Со чекорите кон врвот, заедно ја славиме природата, планинарството и нашата татковина. 🇲🇰
Честит Ден на независноста! 🇲🇰
31/08/2026
⚒️Реализирана традиционалната Рударска патека на СПД Пробиштип, оваа година е нејзино петнаесето одржување, на кое учествуваа повеќе наши членови, но и наши млади сограѓани, што особено нѐ радува.
🕊И оваа година со положување на цвеќе на спомен плочата, одадовме почит на нашиот планинар Слободанче Монев - Данче. Нека му е вечна слава.
🥾„Рударска патека“ нашето друштво ја посветува на трнливиот пат на првите рудари кои работеле во рудникот „Добрево“, започнувајќи по Втората светска војна, па продолжувајќи низ 50-ите, 60-ите и 70-ите на 20 век. Години на почеток и развој на Пробиштип, најпрво како индустриска област, а подоцна и како град. Во тие почетоци на индустриски развој на Пробиштип, работната сила за експлоатација на рудата од рудникот „Добрево“ била „црпена“ од околните планински села, кои во тоа време изобилувале со живот. Луѓето од поблиските села, најчесто секојдневно оделе по два три часа до своето работно место во рудникот во еден правец и после исцрпувачката физичка работа се враќале повторно по истиот пат во своите домови. Тој пат до работното место се одел во сите периоди од денот, но и во сите годишни времиња.
Оваа патека го обележува патот на оние рудари кои масовно доаѓале од подалечните краеви на паланечките села. Тие ги оставале своите најблиски и своите домови во попладневните неделни часови и пешки се упатувале кон рудникот „Добрево“. Работните денови ги поминувале во колективните згради во Добрево направени пред и за време на војната, за да по завршувањето на работната недела повторно по истата патека се вратат во своите домови исполнети со топлината и љубовта на најблиски.
За жал, не секогаш сите.
„Патеката на рударите“ претставува почит кон тешката егзистенција на сите овие храбри луѓе од минатото кои ги поставиле темелите и го започнале индустрискиот развој на градот Пробиштип.
Todorka, Pirin planina 🇧🇬 #спдпробиштип СПД Пробиштип
17/08/2026
⛰️Тодорка 2746мнв, Пирин планина 🇧🇬
🏞Патеката која води од планинарскиот дом Вихрен, поминувајќи покрај неколку езера, со прекрасна флора и реки, притоа со скоро постојан поглед на импресивните врвови Вихрен, Кутело и Кончето, а чија цел беше врв Тодорка, едноставно воодушевува и по којзнае кој пат потврдува дека само природата ги отсликува најубавите пејсажи.
🥾Браво за нашите членови, за успешно спроведената акција, која е предизвикувачка, но вреди секој чекор.
09/08/2026
Уште еден голем успех за нашиот Горан Митков кој успешно ја заокружи високогорската експедиција во Грузија со искачување на врвот Казбег висок 5.054 мнв., што се наоѓа на границата меѓу Грузија и Русија на планината Кавказ.
Повеќедневната експедиција организирана од клубот "I Love Hiking" од Скопје, опфаќаше искачување во неколку етапи и три аклиматизации во базни кампови на различна височина. Финалното искачување кон врвот беше со траење од 14 часа по глечери и каменести предели, со технички дел пред врвот со поставено фиксно јаже. Сите планинари кои беа дел од експедицијата успешно го искачија врвот.
Браво Горан, уште многу врвови ти посакуваме, да си жив и здрав!
27/07/2026
⛰️ Бориславец и Боговињско езеро - шарпланинска убавина.
🥾Екстра акција за екипата на СПД овој викенд во добри временски услови, поминати 21 километар со 1600 м елевација.
🏞Шарпланина секогаш нуди уникатни и прекрасни планински доживувања.
20/07/2026
🌋Нашите Бисера Моневска и Давид Митевски со уникатно високопланинско искуство каде природата ги поставува правилата.
🥾Планината не е секогаш карпа, шума и тревни гребени.
🌋Етна е поинаков свет – лабава вулканска лава, пепел под нозете, ветер и надморска височина што ја чувствуваш со секој чекор. На рутата од 2500 до 3200 метри бројките не ја раскажуваат вистинската приказна. Овде теренот е тој што го диктира темпото.
Движење низ жив вулкан е доволно за да сфатиш дека ова не е обична тура, туку планинарско искуство кое бара кондиција, почит кон природата и подготвеност да прифатиш сосема поинаков терен од оној на кој сме навикнати.
🥾Секоја планина има свој карактер.
Етна има пулс што вреди да се почувствува.
👏Браво дечки!
20/07/2026
🏞Извори и водопад на река Бабуна, неделна акција која ни го долови убавото, но и по малку диво лице на Јакупица.
⛰️Високи борови и буки, водопад, извори со студена свежа вода, малини, јаготки, миризлива мајчина душичка, папрат, ПД Чеплес, шумичката од дива цреша посветена на нашиот Тоше Проески - пејсажи за будење и галење на сетилата, отстранување од секојдневието и соединување со едноставната и убава природа.
🌲Нашите планини се секогаш повеќе од изодени километри и постигната елевација, треба само да се соедините со нив.
Click here to claim your Sponsored Listing.